March 28, 2024, 11:56 am

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ИВАНОВ ЗА ПРЕОБРАЖЕНИЕ ХРИСТОВО ВО ГОСТИВАР: Граѓаните срдечно го пречекаа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, придружуван од сопругата, г-ѓа Маја Иванова, денеска во манастирскиот комплекс во изградба „Преображение Христово“ во Гостивар присуствуваше на црковно-народниот собир по повод христијанскиот празник Преображение на Господ Исус Христос.

Претседателот Иванов на присутните верници им го честиташе големиот христијански празник, со желби за добро здравје, љубов и среќа. Чинот на водовет и прережување на славската погача го изврши тетовско – гостиварскиот митрополит г. Јосиф.

Камен-темелникот на манастирскиот комплекс „Преображение Христово“ е поставен во 2014 година по претходни одобрение за градење од Општина Гостивар и благослов  од  тетовско – гостиварскиот митрополит г. Јосиф, а на иницијатива на граѓаните на населба Циглана, Гостивар, кои со сопствени донации и средства ја помагаат изградбата на манастирската црква.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This