ПРОTECТ ВО ЃОРЧЕ: Да кажеме НЕ на 3500 cмpтни случаи годишно директно поврзани со аерозагадyвањето

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Граѓаните на општина Ѓорче Петров ќе протестираат денес во 12 часот. Ги повикуваат сите здруженија, граѓански организации и граѓани да се приклучат на протестот.

-ПРОТЕСТ ! ПРОТЕСТ ! ПРОТЕСТ ! ПРОТЕСТ!

САБОТА, 07-МИ ДЕКЕМВРИ, 12 ЧАСОТ.
НА ВЛЕЗОТ НА ДЕПОНИЈАТА ОД СТРАНА НА НОВО СЕЛО ул. 5 (100 метри после ”Тројка” – види фото)

Ги повикуваме сите здруженија, граѓански организации и граѓани да ни се приклучат на ПРОТЕСТОТ!

Самиот ПРОТЕСТ ќе се одржи на влезот на депонијата која е најголем загадувач на Ѓорче Петров!

НЕ СЕ ДИШЕ ! Да се расчисти комплетно оваа депонија која е КАНЦЕР на Ѓорче Петров! Да се забрани пристап до неа и одложување отпад!
Да покажеме дека не може екологијата и животната средина да се третира како второстепено прашање!

Правила на протестот:
1. Според Законот за јавни собири за време на протестот не смее да се консумираат опијати.
2. ЗАБРАНЕТО е користење на говор на омраза, националистички и партиски реторики и симболи.

Дојди заедно да кажеме НЕ на загадувањеро на воздухот и негрижата на институциите за животната средина! Да кажеме НЕ на 3500 смртни случаи годишно директно поврзани со аерозагадувањето!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This