ПРОФЕСОРОТ АЛЕКСАНДАР НАЦЕВ ЈА ПРОМОВИРАШЕ КНИГАТА„ЗАШТИТА НА КЛАСИФИЦИРАНИ ИНФОРМАЦИИ“: Симбиоза на нови пристапи и концепти и постоечката законска регулатива која постои во Република Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денес во просториите на Европскиот Универзитет се одржа промоција на книгата „Заштита на класифицирани информации“ на професорот Александар Нацев, Декан на Факултетот за детективи и кpиминалиcтика при ЕУРМ.

Целта на овој учебник е да даде теоретски и практичен модел во остварувањето на заштитата на класифицираните информации кои имаат детерминирачко значење за националната бе3бедност.

Книгата со наслов “Заштита на класифицирани информацииˮ е систематски и логички текст кој преку соодветна методолошка рамка обработува едно значајно подрачје од безбедносната теорија и практика, а тоа е заштита на класифицираните информации во услови кога се соочуваме со софистицирани безбедносни риз ици и зак ани.

Во своето обраќање, професорот Нацев истакна дека Факултетот за детективи и кpиминалистика е образовна институција каде се истражува безбедносна проблематика и факултет кој авангардно ја согледа потребата од вметнување на еден предмет во наставната програма кој ќе биде насочен кон класифицираните информации.

-Овој предмет помага во подигнување на нивото на нивната безбедносна култура и им овозможува во иднина да бидат одлични професионалци во институциите во кои ќе работат. Во оваа насока беше замислен и самиот учебник, кој е една симбиоза на нови пристапи и концепти и постоечката законска регулатива која постои во Република Македонија, а се однесува на класифицираните информации.

Преку еден сеопфатен пристап, им овозможува на студентите да се запознаат со основните постулати на прибирање податоци и изработка на класифицирани информации, потоа ги запознава со основните процедури и политики за ракување со класифицираните информации, за на самиот крај да наметне еден модел чија крајна цел е да обезбеди подигнување на безбедносната свест кај нив, и да ги сензибилизира како да ги препознаат безбедносните ризици и закани во нивната околина кои се насочени кон безбедноста на класифицираните информации истакна професорот Нацев.

Тој додаде дека книгата “Заштита на класифицирани информацииˮ кај студентите треба да поттикне нови размислувања, нови идеи и нови решенија, а истовремено треба да претставува уште поголем поттик за создавање на нови научни дела.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This