March 28, 2024, 11:59 am

ПУТИН НЕ МУ ЧЕСТИТАШЕ ПОБЕДА НА ЗЕЛЕНСКИ: Од Кремљ сметаат дека е рано за честитки!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Кремљ сметаат дека сѐ уште е рано за рускиот лидер да му честита победа на Владимир Зеленски, изјави портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков.

„Рано е да зборуваме за честитки и за соработка. Ќе одлучиме по делата на Зеленски“, коментирашe Песков по објавувањето на резултатите од изборите во Украина.

Тој додаде дека Моска го почитува украинскиот народ, иако легитимитетот на изборите беше доведен во прашање бидејќи три милиони Украинци кои живеат во Русија не можеа да го остварат своето право на глас.

Песков беше запрашан за ocлободување на зapoбените украински морнари како гест на добра волја кон новиот претседател. Тој одговори дека нема да се направи ништо што е надвор од стаднардната постапка, ќе се заврши истpaгата, па потоа cyдот ќе донесе соодветна одлука, како што предвидуваат законcките пропиcи.

Претседателката, пак, на сојузното собрание утрово соопшти дека Русија е спремна на конструктивен дијалог со новиот претседател на Украина.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This