Работа во Центарот за култура во Неготино, само ако го познавате германскиот јазик

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Оглас за вработување во Центарот за култура во Неготино со прецизни квалификации. Познавање на германски јазик.

Имено, за ново-отворените работни позиции нема многу простор за маневар. Филолошки Факултет и познавање јазици се единствен критериум, без да се бара искуство во полето на културата.

Ваквите огласи за државни вработувања, каде се строго прецизирани потребните квалификации, а истовремено и не секогаш се со било какви допирни точки со дејноста, односно делокругот на работа на институцијата, секогаш фрлаат сомнеж кај јавноста дека станува збор за наместени вработувања, мотивирани од непотизам, партиски или коруптивни врски.

Веста ни ја пренесува неготинчанката Кристина Палија, која за Инфомакс вели дека е магистер по оперско пеење. „Јас сум претставник на културата во и надвор од Македонија, со високи државни почести. Заради вакви огласи сеуште сум без работа“ вели таа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This