РАСКОЛ ВО СЈО: Oбвинитeлитe поделени во две групи – едната ја води Катица Јанева и Лиле Стефанова, наспроти групата на Ленче Ристовска и Фатиме Фетаи!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Раскол и поделеност на табори се случува во Специјалното јавно oбвинитeлcтво, пишува „Макфакс“, објаснувајќи дека СЈО е поделено на две групи – едната на Катица Јанева и Лиле Стефанова, наспроти групата на Ленче Ристовска и Фатиме Фетаи

 

Трите жени, кои беа симбол за СЈО, ретко може се видат заедно во јавноста, а речиси една година Ленче Ристоска и Фатиме Фетаи не даваат заеднички изјави. Според нашите извори, со слични ставови на една страна биле обвинителките Катица Јанева и Лиле Стефанова, а на друга Ленче Ристоска и Фатиме Фетаи, пишува „Макфакс“.

Од порталот додаваат дека во целост е променета и стратегијата за комуникација во јавноста, откако Фетаи и Ристовска добиле забрана да се појавуваат на заеднички прес-конференции и да организираат брифинзи со новинари за тековните истраги.

Наместо тоа, пренесува „Макфакс“, на медиумите се поприсутна е Катица Јанева, а нејзиното најново појауввање на малите екрани е планирано за вторник на телевизијата „1ТВ“ чиј сопственик е Бојан Јовановски, познат во јавноста како Боки 13.

Од друга страна, сè поприсутна во јавноста е главната специјална обвинителка Катица Јанева, која, според најавите, во вторник ќе се појави на „1ТВ“, каде што заедно со обвинителите Лиле Стефанова и Трајче Пеливанов треба да одговараат и на прашања од гледачите. Токму во фирмата сопственик на „1ТВ“, „БМЈ медиа груп“, работи синот на Јанева, младиот гевгеличанец Лазар Јанев, за кого веќе беше објавено дека пред вработените бил претставен како директор на правна служба. Пред точно два месеца Јанева беше гостинка на „1ТВ“ и се фотографира со сопственикот на телевизијата, Бојан Јовановски, со назнака дека станува збор за работен состанок. – пишуваат од „Макфакс“

„Макфакс“ додава дека во СЈО владее вистинско незадоволство од начинот на работата на oбвинитeлcтвo кое има годишен буџет од 3.7 милиони евра. Вработените биле незадоволни и од фактот што некои истраги „висат во воздух“ токму поради тековните политички случувања кои директно влијаат врз нивната работа.

Повеќе на „Макфакс“

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This