Распишан референдум за потврдување на Законот за промена на Уставот на Република Србија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Собранието на Србија, Ивица Дачиќ, распиша референдум за потврдување на Законот за промена на Уставот на Република Србија за 16 јануари 2022 година, јави дописникот на МИА од Белград.
Претходно пратениците го усвоија предлогот за промена на Уставот и распишување референдум.

-Ја имам честа да ја потпишам одлуката за референдум што ќе се одржи на 16 јануари од 7 до 20 часот, а прашањето ќе биде „дали сте за потврдување на актот за промена на Уставот на Република Србија, изјави Дачиќ по потпишувањето на документот.
Измените се однесуваат на делот поврзан со промената на изборот на обвинители и судството и нашиот став е целосно јасен, нема промени во преамбулата на Уставот – Косово и Метохија е составен дел на Србија, како и со „други разни прашања кои се политизирани во последно време, а се користат за брутално кршење на законот и Уставот, кога станува збор за протести и блокади на патиштата“ и исклучиво се однесува на правосудството и владеењето на правото, кажа претседателот на Собранието.

-Сакам да кажам дека начинот на промена на Уставот, односно прашањето кое мнозинство е доволно за успех на референдумот, не е прашање со кое се занимававме, тоа беше предложено од Владата на Воислав Коштуница и Борис Тадиќ во 2006 година, предложија нов Устав, со желба да се раскине со времето на Слободан Милошевиќ, кога беше потребно мнозинство од повеќе од 50 отсто, на начин што за некои прашања, делови беше потребно мнозинство на излезноста, нагласи Дачиќ и додаде дека „овој пат тоа е така“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This