Растат тeнзиитe во Косово: Cнајпери поставени на околните ридови ги држат Србите на нишан

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Космет, ноќта помина тензично, но мирно, по распоредувањето на специјалните единици на Роса низ северот на провинцијата. Во Белград заврши итна седница на Советот за национална безбедност, на која главна тема беа настаните во Косово и Метохија.
Од утрово е мирно на административните премини Јариње и Брњак, пренесува Танјуг. Како што се наведува, на само 800 метри од овие премини, во општините Лепосавиќ и Зубин Поток, има единици на косовските безбедносни сили, вооружени со снајпери.

Блокадата на патот во Јариње, поради воведувањето на реципроцитет за регистарски таблички од Србија, продолжува, и додека граѓаните го блокираа патот, снајперисти ја контролираат ситуацијата од околните ридови, пренесуваат медиумите во Приштина
Член на специјалните единици на косовските безбедносни сили, опремен со снајперска пушка, ги следеше настаните од околниот рид. Приштинските медиуми објавија дека неколку членови на косовските безбедносни сили биле ангажирани во слични задачи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This