РАСТЕ ЦРНИОТ БИЛАНС: Бројот на загинати од силниот земјотрес се искачи на 29

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бројот на загинати од силниот земјотрес во источна Турција се искачи на 29, соопшти агенцијата за помош при катастрофи во земјата.

Досега се пријавени 1.234 лица повредени додека спасувачите продолжуваат да ги извлекуваат луѓето затрупани под урнатините, соопшти Управата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД).

Вкупно 43 лица се спасени, вклучувајќи и една жена, 17 часа откако нејзината куќа се сруши врз неа.

Тим геодети ја проценува штетата предизвикана од земјотресот, при што првичните извештаи посочуваат дека 72 згради биле целосно оштетени.

Најмалку 462 земјотреси се почувствувани во регионот од кои повеќе од десетина беа над 4,0 степени.

Земјотресот со јачина од 6,8 степени ја потресе турската покраина Елазиг во петокот вечерта.

Претходно во саботата, претседателот Реџеп Таип Ердоган го посети регионот погодени од земјотресот и присуствуваше на погребот на две жртви.

Сочувство пристина од целиот свет, вклучувајќи ги САД, Русија, Малезија и Пакистан.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This