March 29, 2024, 11:29 am

РАШКОСКИ СО ИЗВЕШТАЈ ОД ЛЕСКОВАЦ: Тешко пoвpeдeнитe се сместени во Ниш, двајца дале изјава во полиција – се чека официјалниот извештај од МВР

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Генералниот секретар на Владата Драги Рашковски за 1ТВ од Лесковац рече дека се сретнал со настраданите од автобуската несреќа. Заедно со новинарската екипа од пред хотелот во кој се сместени тие што се пуштени на домашно лекување, преку линк извести дека неколкумина патници дале изјави, но во интерес на истрагата подобро е да се почека официјалното соопштение од српското МВР.

-Најпотребно е да им се пружи здравствена заштита, што ја добиле на високо ниво од локалната болница. Тешко повредените се сместени во Ниш, лесно повредените се во хотелот во Лесковац каде што им е пружено хигиена, храна и одмор. Дел веќе изразија желба да го продолжат патот, рече Рашковски.

Како што рече, во моментов 10 луѓе се во хотелот, додека други четворица веќе си заминале дома. Дел организираат сопствен превоз да се вратат во Македонија, а дел ќе го продолжат патот кон Виена.

Рашковски додаде дека сите имаат повреди на горниот дел од телото и не го помнат настанот, што е нормално бидејќи во тој момент спиеле, освен еден двајца, кои имаат своја верзија, но не сака да шпекулира пред да го добие официјалното соопштение.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This