PEKA И ОФИЦИЈАЛНО Е КАНДИДАТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ: ДИК ја потврди кандидатурата на Река за претседател

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Блерим Река и официјално е кандидат за претседател на Македонија, откако денеска Државната изборна комисија (ДИК) ја разгледа и потврди неговата поднесена листа.

– Листата за кандидат за претседател на Република Македонија 2019 година за кандидатот Блерим Река, до Државната изборна комисија беше доставена на 19 месецов, а согласно одредбите од Изборниот законик, член 67 (став 1) Државната изборна комисија во законски утврдениот рок ја разгледа и ја потврди листата, со што Река е кандидат за претседател на Република Македонија, соопшти ДИК по денешната седница.
ДИК треба да се изјасни и за кандидатурите на Стево Пендаровски од СДСМ и коалицијата и на Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ.

Според најавата, утре во седиштето на ДИК ќе се одржи јавна седница на која со ждрепка ќе се утврди редоследот на единствена листа на кандидат за избор на претседател на државата.

На денешната седница на ДИК е усвоено барањето на Здружението на лица со посебни потреби „Заедно можеме“ – Гостивар за добивање овластување за набљудувачи за Претседателските избори 2019 година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This