Ременски би го вратила национализмот во СДСМ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„ВРАЌАЊЕ КОН ИДЕОЛОШКИОТ ИДЕНТИТЕТ НА ПАРТИЈАТА

СДСМ и социјалдемократските партии во Европа станаа идеолошки помалку препознатливи партии кон кои инклинираат граѓаните и младите.

Партијата ќе спроведува мека и организирана идеологизација на своето членство кое ќе може да се препознае во сите политики на социјалдемократијата.

Идеологијата како визија за општествените текови ќе биде во функција на јакнење на вредностите и колективната меморија на членството за настани (минати, сегашни, идни), лица и одлуки и промоција на незаборавот кој ќе обезбеди сеќавање, почит и континуитет на партиската историја и сите минати раководства.

Aнтифашизмот е темелот на социјалдемократијата.

Социјалдемократијата не ги дели граѓаните и членовите по етничка, верска, социјална и било која друга основа. Толеранцијата, недискриминацијата и забраната на говорот на омраза се висок приоритет и обврска за сите членови на СДСМ.

Идеологизацијата ќе вклучи мек македонски национализам кој нема да ги загрози социјалдемократските постулати, туку ќе ја зајакне државотворноста, стратешките определби од интерес за обединување на граѓаните и заштита на македонскиот јазичен, културен и национален идентитет.

Ќе формираме интересовни јадра/групи на сите помали етнички заедници во рамки на СДСМ (Албанци, Турци, Роми, Бошњаци, Торбеши, Срби, Власи и др.), преку кои ќе се артикулираат вредности и потреби на заедниците со интеграциска сила и единство на идеи, независно од политиките на етничките партии“, напиша Ременски на својот фејсбук профил.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This