РУСИЈА СЕПАК ЌЕ ГО БЛОКИРА ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР: Ципрас го молел Путин да не вложува вето во СБ на ОН – молбите неуспешни!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По три ипол години, грчкиот премиер Алексис Ципрас го посети рускиот претседател Владимир Путин за да ги одмрзне дипломатските односи помеѓу двете држави, заладени по Преспанскиот договор, и евентуално да се спречи вето на Русија на тој договор во Обединетите нации. Тоа политиката на Западот, која го поддржува Преспанскиот договор како начин за согласост од Грција за членство на Македонија во ЕУ и НАТО, би можело да ги доведе во непријатна ситуација – пишува српска „Политика“

За да се спречи дипломаси шок, Цирпас на Путин, како што самиот кажа, детално му ја објаснил потребата од примена на Преспанскиот договор. Но, грчкиот премиер не бил доволно јасен за тоа дали успеал да го убеди Путин.

Рускиот претсдтел досга за договорот Атина – Скопје, според кој името на Македонија би се променило во Северна Македонија, се изразуваше неодредено, но со забележителна доза на скепса.

„Способноста за компромис не е дипломатска човечност кон партнерот, туку разбриање и уважување на легитимните интереси на партнерите“, била една од изјавите на тин.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју за грчкиот весник „Ефимерида тон синдактон“, што е особено индикативно во очи на посетата на Ципрас на Москва, изнесе потврда на ваквиот поглед на Преспанскиот договор.

„Во Собранието, на ден 19.октомврки, со уценување и поткупување на пратеници беа наметнати уставни измени, со директно мешање на странски дипломати, вклучително и амбасадорот на САД (Џејмс Бејли)“, рекло Лавров.

Вакви остри оценки изнесе и претседателот на Македонија Ѓорѓе Иванов, кој констатираше дека Преспанскиот договор е противуставен и дека е штетен за македонскиот народ. Иванов во петокот зборуваше за уставните измени кои се нушни за реализација на Преспанскиот договор, но нагласи дека неговиот кабинет никогаш не размислувал за прогласување на вонредна состојба, но предупреди на заканите по стабилноста на Македонија. Обраќајќи се на нацијата, Иванов како главно жариште на политичка и безбедносна криза во земјата ја наведе УБК.

Зоран Заев останува на удар на ВМРО-ДПМНЕ. Опозицијата би можела да поднесе илјадници амандмани на четирите уставни амандмани со кои власта сака да го промени актуелниот Устав на Македонија во склад со договорот од Преспа.

Засега, се верува дека Преспанскиот договор на крајот ќе биде официјално прифатен во Македонија и Грција, каде исто така ќе мора да биде прифатен од парламентот, каде премиерот Ципрас е веќе изложен на притисоци, а го очекуваат избори, на кои шансите не му се добри. Најголема грижа на властите во Скопје доаѓа од истокот, имајќи во предвид дека Русија и Кина, како постојани членки на Советот за безбедност на ОН, имаат право на вето.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This