April 20, 2024, 12:44 pm

САД СО НОВ ПРЕТСТАВНИК ВО БиХ: Пристигна новоименуваниот американски амбасадор во Сараево!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новоименуваниот американски амбасадор во Босна и Херцеговина Ерик Нелсон пристигна во Сараево.

Должноста ќе ја преземе од досегашната амбасадорка Морин Кормак, а пред доаѓањето во Сараево, на граѓаните на БиХ им порача дека се радува на посетите на заедниците ширум земјата, со цел да се запознае со историјата, културата и разноликоста, но и да слушне на каква иднина граѓаните се надеваат.

Тој посочи дека САД и натаму ќе даваат поддршка на луѓето кои и сега работат на изградба на попросперитетна држава, каде владеењето на правото и ефикасната влада им служат на сите граѓани на БиХ.

Нелсон е дипломат од кариера, кој во дипломатијата е од 1980 година. Претходно тој беше извршен секретар и директор на Извршната канцеларија на Извршниот секретаријат во рамки на Стејт департментот.

При сослушувањето пред Комитетот за надворешни работи во Сенатот во октомври 2018 година, Нелсон изјави дека Вашингтон ќе остане цврст во поддршката на територијалниот интегритет на БиХ и оти ќе се обиде оваа држава да ја потурне нанапред.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This