САКААТ ДА ЈА ПРОДАДАТ ПОПОВА ШАПКА:Одземање на Попова Шапка од ЕЛЕМ и да се даде на концесионер

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Одземање на Попова Шапка од ЕЛЕМ, изработка на урбанистички план за центарот и инвестиции, се дел од главните барања на иницијативата „Да ја спасиме Попова Шапка“, кои денеска на мирен протест ги упатија до градските и централните власти. Учесниците го блокираа патот Тетово – Попова Шапка петнаесетина минути, изразувајќи го револтот од како што рекоа уништувањето на најпотенцијалниот туристички ресурс во земјава.

Дека Попова Шапка е најголем турустички потенцијал, говорат и многу студии избработени за центарот, истакнаа дел од учесниците.

Професорот Менан Мемеди поранешен директор на Попова Шапка, вели дека најдобро решение е со центарот да управува концесионер, формиран на база на јавно приватно партнерство. Во спротивно ако остане состојбата статус кво, сите стекнати позитивни карактеристики, познатиот македонски скијачки центар полека ќе ги изгуби.

Центарот со години ги нема обезбедено основните услови за непречено функционирање. Официјалниот старт на скијачката сезона на Попова Шапка годинава започна на 6 јануари, кога голем број ски лифтови поради дефекти не работеа речиси во текот на целиот ден, се создадоа големи гужви, а дел од скијачите мораа да одат пеш на ски патеките.Од центарот се оправдаа дека ваквата состојба била резултат на лошто време, големиот број скијачи и и ограничениот број на ски лифтови.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This