САЛИ: Лојална сум на мојата татковина затоа ги критикувам недемократските процеси кои се случуваат во Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сенада Сали еден од најпознатите македонски, но и светски промотори на правата на Ромите застана во одбрана на своите сограѓани Македонците при налетот на промената на името и неуставниот Закон за двојазичност. Сали дипломирала на Правниот Факултет “Јустинијан Први” во Скопје со одличен просек 9,83, а Мастер студии  ги завршила на Универзитетот ЦЕУ (Central European University) во Будимпешта. Во моментов таа работи во Европскиот Центар за правата на Ромите (ERRC), со седиште во Будимпешта, Унгарија.  Таа вели дека Северна Македонија не ја признава како своја држава, бидејќи нејзината татковина е Македонија. Во својот последен пост таа ги критикува како што вели недемократските процеси кои и се случуваат на државата.

-Другари Македонци, Непотребни се коментари од типот: – Eј благодарам што не подржуваш во однос на недемократските процеси кои и се случуваат на државава.

Што тоа Вие ми благодарите на мене?! Па и јас сум родена во оваа држава како Вас. Македонија е и моја татковина. И тоа единственa! Тоа е единствената земја на која и должам лојалност.

А тоа што самиот Устав и Рамковен договор наместо да ме признаат како рамноправна Македонка ме поттисна мене и сите лица кои ја делат мојата етничка припадност во гето не е по моја вина.

Македонија на Македонците! А Македонци се и Ромите, пишува Сали.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This