Самохран татко посвои пет деца со посебни потреби

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Џек има аутиз*м, Џозеф Дау*ов синдр*м, додека намалиот Ноа има вродени дефекти кои влијаат на рацете и на нозете. Руби има Пј*р Робе*ов синдр*м, вродена аномалија на лицето и на дишните патишта, а Лили е глува. Самохраниот татко Бен Карпентер од Хадерсфилд Таун, Англија тврди дека секогаш знаел дека сака да има многу деца. Кога наполнил 21 година, одличил да го посвои првото дете со посебни потреби.

Сега Бен, кој поради својата желба да помага на болните работел во училиште за деца со потешкотии со развојот, има посвоено пет деца.

„Мислев дека нема да ме прифатат како кандидат за посвојување затоа што сум сам, не сум женет“, изјавил Бен за Дејли Мејл, но службата за посвојување токму поради тоа му дала предност. Секако, предност било и неговото работно искуство.

Иако првото дете го посвоил на 21 година, а сега ги има пет, тој вели дека не планира да застане тука. За сега, се грижи за три момчиња и едно девојче.

Бен раскажува дека браќата и сестрите живеат во идилична средина, а постарите многу се грижат за најмалиот, Ноа. “Најмногу за тоа придонесува Лили, која им е како мајка на своите браќа и сестри. За сега, не планирам да посвојам уште деца но во иднина би сакал. Јас едноставно сакам да бидам татко“, додава храбриот Бен.

Тој прима финанисиска помош која им следува на децата со и живее од својата заштеда.

„Со пет деца, немам баш многу време да барам партнерка, да се посветам некому. Моите деца секогаш ќе ми бидат на прво место“, раскажа Бен.

Извор: zenskimagazin.mk

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This