СЕ ОГЛАСИ МЕДВЕДЕВ: Поранешниот руски премиер ги објасни причините за оставката

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот руски премиер Дмитриј Медведев изјави дека поднел оставка поради потребата од спроведување на политички реформи во земјата и поради временскиот фактор. Тој за руската државна телевизија изјави дека првата и најважна работа што му ја кажал на претседателот Владимир Путин на состанокот на 15 јануари е дека пораката на Путин за промена на Уставот опфаќа многу амбициозни задачи за политичкиот систем, кои до одреден степен ја менуваат рамнотежата на моќта во земјата.

Втората причина, според него, било времето, бидејќи тој бил премиер речиси осум години.

„Ова, на крајот на краиштата, беше многу долга и комплицирана работа поврзана со донесување одлуки за многу комплицирани прашања. Тоа, исто така, треба да се земе предвид“, рече Медведев.

Тој во иднина ќе биде заменик-шеф на Рускиот совет за безбедност, со кој претседава Путин. Државната Дума на Русија ја потврди кандидатурата на поранешниот началник на Федералната даночна служба Михаил Мишустин за нов премиер на Русија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This