СЕ ОДМОТУВА КЛОПЧЕТО: Груевски го поднел барањето за азил во унгарска амбасада надвор од Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Намерата да поднесе барање за азил во Унгарија, експремиерот Никола Груевски ја изјавил во унгарска амбасада надвор од Македонија, тврди шефот на Кабинетот на унгарскиот премиер во изјава за агенцијата Ројтерс.

Ѓергели Гулијаш одби да каже во која држава се наоѓала амбасадата во која Груевски го побарал азилот, а одбива и да објасни како Груевски стигнал директно во Будимпешта каде се наоѓа Канцеларијата за имиграции и азил, и каде ги поднел документите за азил и бил сослушан.

Гулијаш вели дека Унгарија се уште не добила официјално барање за екстрадиција на Груевски од македонските власти.

Тој ги демантира и пишувањата во некои медиуми дека Груевски престојува во земјата како гостин на премиерот Орбан. Гулијаш тврди дека Груевски и Орбан воопшто не се сретнале досега.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This