Се работи за моќ: Меркел никогаш не била принyдена да седи на софата кај Ердоган

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ангела Меркел никогаш не била принудена да седне на софата на Ердоган, бидејќи турскиот претседател ја сфаќа нејзината моќ сериозно. А земајќи предвид дека ниту Мишел, ниту Фон дер Лејен немаат голема моќ, нивното посрамување е уште попримамливо за Ердоган.

Инцидентот „Софагејт“ поврзан со распоредот на седење при минатонеделната посета на претседателот на Европскиот Совет Шарл Мишел и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен на Анкара, ја обединија Европа во изразувањето гнев, пишува Метју Карнишинг во неговата колумна за „Политико“, насловена „Европа ја заслужува софата на Ердоган“.

Политичките лидери од ЕУ го искажаа своето незадоволство нарекувајќи го срамно постапувањето со Фон дер Лејен, додека италијанскиот премиер Марио Драги отиде чекор подалеку, споредувајќи го Ердоган со диктатор.
„Но сето тоа не е баш поради софата. Ако самата Евопа беше на тој кауч, тогаш тој претставува нешто друго – ги сумира несигурностите и огорченоста на европскиот блок, а пред се, суштината на комплексот на инфериорност. Наспроти европската перцепција, инцидентот не беше поради непочитување на жените, туку поради непочитување на моќта која ЕУ напорно се обидува да ја прикаже. А оние со вистинска моќ како што е Ердоган, не само што можат да прозрат во намерите на ЕУ, туку и да ги стават Европејците на нивното вистинско место, макар тоа била и софата“, пишува Карнишинг.

Ангела Меркел никогаш не била принудена да седне на софата на Ердоган, бидејќи турскиот претседател ја сфаќа нејзината моќ сериозно. А земајќи предвид дека ниту Мишел, ниту Фон дер Лејен немаат голема моќ, нивното посрамување е уште попримамливо за Ердоган. Таквиот потег не носи ризик, а и што би можела да направи ЕУ во врска со тоа? Ниту Мишел, ниту Фон дер Лејен го немаат одговор на ова прашање. Тие се зафатени со меѓусебно обвинување, како и со обвинување на своите соработници за пропустот во протоколот. А „Софагејт“ можеше да биде и полоша, бидејќи Турција речиси го уназади статусот на Фон дер Лејен на помошничка на Мишел, пред интервенција во последен час од ЕУ“, пишува колумнистот на „Политико“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This