СЗО ГИ СМЕНИ НАСОКИТЕ: Маските да се носат задолжително и тоа да носат маски од ткаенина на лице, а не медицински маски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Светската здравствена организација ги ажурираше упатствата за да им препорача на владите за да ги поттикнат сите луѓе да носат заштитни маски на јавни места, бидејќи секаде постои ризик од пренесување на коронавирусот, а со маските би можело да се помогне во намалувањето на ширењето на оваа болест.

Во своето ново соопштение, поттикнато од доказите од студиите спроведени во последните неколку недели, СЗО истакна дека заштитните маски се само една од низата алатки што може да го намалат ризикот од пренесување на вируси и не треба да даваат лажно чувство на заштита.

Шефот на организацијата, Тедрос Аданом Габриезус, рече: „Со оглед на еволуирачките докази, СЗО ги советува владите да ја охрабрат општата јавност да носи заштитни маски таму каде што физичкото дистанцирање е тешко, како на пример во јавен превоз, во продавниците или во другите ограничени или преполни средини.“

„Ние ги советуваме владите да ги охрабрат жителите да носат маски. Поточно, нека носат маска од ткаенини, односно немедицинска маска“, рече Марија ван Керхове, техничк водич на СЗО за коронавирус, во интервјуто за „Ројтерс“.

Сепак, останува загриженоста дека заштитните со себе носат и ризик фактор – вклучувајќи го и поттикнувањето на луѓето да заборават на другите мерки, како што се социјалното растојание и миењето на рацете.

Г – дин Тедрос додаде: „Нашето соопштение објаснува и како безбедно да се користи маската. Луѓето може потенцијално да бидат заразени доколку ги користат рацете за да ја прилагодат маската или постојано да ја симнуваат и ставаат, без да ги чистат рацете.“

Сево ова започна само еден ден откако владата на Велика Британија објави дека заштитните маски ќе бидат задолжителни во јавниот превоз.

извор: independent.co.uk

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This