СИТЕ ФРИЗЕРКИ ДОБИЈА ФИНИ РАБОТНИ МЕСТА: Горан Сугарески си ја вработи фризерката по примерот на Кирацовски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

И Горан Сугарески си ја вработи фризерката по примерот на Александар Кирацовски. Гордана Наумоска фризерка и лична пријателка на министерот Сугарески од неодамна е вработена во детската градинка „Бончејца“ во Прилеп. Очигледно функционерите на СДСМ не можат да одолеат на вршење услуги на своите лични фризерки.

Додека пак според информациите кои стигнаа до нас, сопругот на фризерката имал фирма вредна неколку милиони евра, па останува нејасно дали Сугарески ја користи истата за испумпување на државни пари преку министерството и дали вработувањето на Наумоска е уште една од меѓусебните услуги?

Пред само еден месец во јавноста изби скандалот генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски кој својата фризерка си ја вработи во државната компанија МЕПСО за плата од 43.900 денари.

Инаку прилепските градинки станаа познати во јавноста по скандалозните списоци кои излегоа во јавност на кои како приоритетни згрижувања на деца можеа да се видат имиња на функционери на СДСМ, додека пак дечиња на обичните граѓани чекаат со месеци да бидат згрижени во градинките.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This