СКОПЈАНЕЦ ГИ КИДНАПИРАЛ КРАДЦИТЕ НА НЕГОВАТА КУЌА: Ги фатил додека крадат, ги врзал и заработил кривична

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со употреба на физичка сила ги фатил двете малолетни деца од Скопје и насилно ги однел во подрумот од неговата куќа.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Т. (31) и С.Т. (34), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „противправно лишување од слобода“.

На 11.07.2018 година околу 22 часот на улица Прохор Пчински во Скопје, првопријавениот од слобода лишил две деца поради претходно извршена кражба во неговиот дом.

Со употреба на физичка сила ги фатил двете малолетни деца од Скопје и насилно ги однел во подрумот од неговата куќа на улица Пере Тошев, каде бил и второпријавениот. Тие заедно физички ги нападнале децата. Едното успеало да избега веднаш, а другото го пуштиле за кратко време.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This