Следниот чекор е федеpaлизација пpeдупредува Цуцуловски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Постојат процеси кои говорат дека се оди кон федерализација на Република Македонија, вели професорот Љубомир Цуцуловски кој додава дека еден од нив е инсистирањето на пописот да се одржи сега и желбите за проценти на одреден етнички заедници.

Дека се оди кој федерализација говори на пример воведување на двојазичност на цела територија на Републиката, територијалната поделба од 2004 година која одеше по етничка линија и не се водеше сметка за природните граници, туку за етничкиот состав, истакна Цуцуловски.

Според него дека се оди кон федерализација говори и т.н. Тиранска платформа, за која како што рече, која е дел од тријадата со Договорот со Грција и Договорот со Бугарија, потенцира Цуцуловски.

– Дека се оди кон федерализација говори и инсистирањето по секоја цена сега да се одржи пописот, при што се нагласува од клучни личности во оваа држава, дека ако одредено малцинство, е под 20 или 30% нема да се признаат резултатите од пописот. Тогаш зошто воопшто правиме попис? Нека кажат колку им треба и да дојде до кантонизација и федерализација на Република Македонија, нагласи Цуцуловски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This