April 26, 2024, 12:14 pm

СО КРИПТOВАЛУТИ И ВО ФУРНА: Леб и бело пециво во Солун можат да се купат и со биткoин

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сопственикот на фурната за АНА-МПА вели дека пита со сирење чини 1,80 евра што во биткони е 0,00023760 и објаснува дека за да се плати, потребно е да се симне апликацијата.

 

 

Леб и бело пециво во Солун можат да се купат и со биткoин, откако сопственик на фурна одлучил купувачите освен со евра, да можат да плаќаат и со криптовалутата, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.

Сопственикот на фурната Стратос Инглезакис за АНА-МПА вели дека безбеднoста на трансакциитe и неговата љубов кон технологијата биле причина за одлуката, но објаснува дека засега мал е бројот на оние кои одбираат да платат со биткоини, јави допсиничката на МИА од Атина.

– Причината што решив во мојата продавница да спроведам плаќање со битокин е љубовта кон технологијата, слободата што ја нуди како децентрализирана валута и секако безбедноста на трансакциите – коментира Инглезакис за АНА-МПА.

Сопственикот на фурната за АНА-МПА вели дека пита со сирење чини 1,80 евра што во биткони е 0,00023760 и објаснува дека за да се плати, потребно е да се симне апликацијата.

Еден биткоин денеска изнесува 7.559,81 евра или 464.815,89 денари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This