April 25, 2024, 10:03 pm

СОБРАНИЕТО СЕ РАСПУШТИ: Се очекува да се одреди датум за предвремени избори во Косово

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеници на денешната седница на Собранието го изгласаа распуштањето на законодавниот дом, по што се очекува претседателот на државата Хашим Тачи да го одреди датумот за одржување на предвремените, седми по ред, парламентарни избори во земјата, јави дописникот на МИА од Приштина.

На денешната седница, на која претходно беше изгласан финансискиот договор со Европската унија, со кој Косово треба да добие 90,5 милиони евра од ИПА фондовите, приуствуваа 106, од вкупно 120 пратеници колку што брои косовскиот Парламент.

За распуштање гласаа 89 пратеници, еден беше воздражан, а двајца против.

Претседателот Тачи, според извори од неговиот кабинет, планира да ги закаже изборите за на 6 октомври, а одлуката ќе ја објави утре, или најдоцна в понеделник, на 26 август.

По оcтавката, пред нешто повеќе од месец дена, на премиерот Рамуш Харадинај, косовските парламентарни партии, и од власта и од опозицијата, се договорија Собранието да се самораспушти на 22 август, по што претседателот Тачи треба да ги прогласи предвремените парламентарни избори.и

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This