СОЗДАДЕН ПРОТОТИП НА ПАМЕТНИ ЛЕЌИ ЗА ОЧИ: Тие се минијатурен дисплеј кој можете да го носите во oкoтo

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Стартапот „Моџо вижн“ откри работен прототип на првите вистински паметни контактни леќи.

Паметните леќи во суштина се минијатурен дисплеј кој можете да го носите во oкoтo. Компанијата вели дека леќите би можеле да даваат насоки, резултати од натпревари или дури и гледање во темница.

– Луѓето не можат да видат дека ги носите, па сакаме интеракцијата да биде суптилна и да се прави како со користење на oчитe – истакна Стив Синклер, потпретседател на производство и маркетинг на компанијата.

Компанијата ветува дека леќите ќе бидат што е можно подискретни и ќе ви ја даваат информацијата што ви е потребна и кога ви е потребна и дека не се бoмбapдиpaни или попречени од податоци кога вие не го сакате тоа, се наведува во соопштение на извршниот директор на компанијата, Дру Перкинс.

Бидејќи се контактни леќи, екранот ќе биде видлив и кога oчитe ви се затворени.

Технологијата на оваа мала направа е импресивна. Минијатурен микро ЛЕД-дисплеј во центарот на паметната леќа има густина од 14.000 пиксели на квадратен инч, што, според компанијата, е светски рекорд. Колку за споредба, дисплејот „ретина“ на ајфон 11 има густина од само 323 пиксели на квадратен инч.

Стартапот соработува со американската администрација за храна и лекови за да развие конечен производ во согласност со регулативите и стандардите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This