СОЛЕНИ МАФИНИ за половина час – идеален рецепт за оброк набрзина

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Брз и вкусен оброк!

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

2 чаши брашно

1 чаша јогурт

½ чаша масло

3 јајца

1 прашок за печиво

1 лажичка сол

200 г фета сирење

Шунка или сланина по желба

ПОСТАПКА:

Јајцата изматете ги со масло и со јогурт. Можете да користите маталка, а можете да ги изматите и со виљушка.

Додадете сол и просеано брашно, прашок за печиво, па смесата изматете ја за да се изедначи.

Сирењето издробете го, додадете го во тестото и промешајте.

Шунката исечкајте ја на ситни коцкички, а може да додадете сланина или нешто фруго по ваш избор.

За да добиете портокалова боја, во тестото можете да ставите и некоја лажица ајвар.

Полнете ги намастените калапи или корпички за мафини но не ги преполнувајте до врв, затоа што ќе пораснат при печењето.

Печете ги во загреана рерна на 200 степени 20 минути.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This