СОПРУГОТ НА РЕНАТА ДЕСКОСКА: Референдумот е неуспешен!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Фејсбук“ статус на Тони Дескоски, професор по меѓународно право на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје и сопруг на Рената Дескоска, кој воедно беше и застапник на Република Македонија пред Меѓународениот суд во Хаг во спорот против Грција за нарушување на Времената спогодба.


„Денеска гласавме. И покрај сите полемики, моето мислење е дека прашањето беше кристално јасно.

Кристално јасно е и дека на референдумот немаше доволен број на граѓани кои би се изјасниле на поставеното прашање.
Сега, кога имаме неуспешен референдум , чувствувам потреба да укажам на една одредба од Преспанската спогодба, која во значителна мерка може да влијае на идните постапки.

Имено, во чл. 2 став 4, точка б, алинеја ii (втора,трета и четврта реченица), изречно е пропишано дека поддршката на Грција за наше зачленување во НАТО е условено од исполнувањето на два кумулативни услови:

прво, од исходот на референдумот (кој мора да е конзистентен со Спогодбата) и второ, усвојувањето на Уставните амандмани (четири на број).

Тоа значи дека без исполнување на било кој од двата услови, Грција нема да има обврска да не поддржи за членство во НАТО. Тоа пак значи, дека дури и да ја ратификуваат Преспанската спогодба во нивниот парламент, ние ќе бидеме во нивна милост или немилост, за тоа дали ќе не пропуштат во НАТО.

Грција секогаш ќе може да се повика на неуспешниот референдум, и совршено правно засновано да одбие да го ратификува протоколот за наше пристапување во НАТО. Тогаш, ниту Меѓународниот суд на правдата нема да пресуди за нас. Оттука, пред да се пристапи кон уставни измени, укажувам на опасноста со која се соочуваме, дури и ако амандманите бидат усвоени.“

Денеска гласавме. И покрај сите полемики, моето мислење е дека прашањето беше кристално…

Posted by Toni Deskoski on Sunday, September 30, 2018

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This