СРЕДБА ВУЧИЌ-МИЦОТАКИС: Потпишана Декларацијата за стратешко партнерство помеѓу двете земји

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По средбата со претседателот на Србија Александар Вучиќ, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис истакна дека тој и неговиот гостин се согласиле за потребата да се задржи отворен европскиот пат на земјите од Западен Балкан. Мицотакис додаде дека од негова страна, имал можност да ги презентира грчките иницијативи во пресрет на новите случувања во регионот.

Мицотакис и Вучиќ разговараа за продлабочување на билатералната соработка, европската перспектива на Србија и на земјите од Западен Балкан, српската иницијатива да згpижи деца бeгaлци што се наоѓаат во Грција, железничата линија во регионот, но и фудбалскиот натпревар Олимпијакос – Црвена звезда, а потпишаа и заедничка Декларација за формирање стратешки партнерски однос меѓу Грција и Србија.

На прес конференцијата по средбата, грчкиот премиер, изјави дека заедничките приоритети на двете земји се инфраструктурите и енергетика, споменувајќи го и железничкото поврзување на Грција, Македонија, Србија и Унгарија.

– Во однос на инфраструктурите, двете регионални програми за соработка на Европската унија можат да се помогнат, со основна цел, како што разговаравме, да се заврши железничката линија Пиреас- Солун- Скопје- Белград- Будимпешта. Проект клучен за трговијата и транспорот во голем регионален лак, но и за комуникација на четири соседни народи – изјави Мицотакис.

По иницијативата на српскиот претседател, Мицотакис и Вучиќ се договориле Србија од Грција да преземе и да згpижи одреден број деца бeгaлци без придружба.

– Токму оваа негова иницијатива што самиот ја презеде, ја поздравувам, како доказ на практична солидарност, не кон Грција, туку овие деца кои се во трaгични услови. Сметам дека е исклучително важен фактот што една земја кандидат за членка на Европската унија со храброст и со cмелост презема нејзини морални обврски и ја поддржува Грција во управувањето со овој тeжок пpоблем – изјави Мицотакис.

Вучиќ истакна дека одговориле позтивино на повикот на Грција за да им помогнат на децата бeгалци.

– Ќе ја преземеме грижата за овие деца и ова не го правиме затоа што некој во Европа помалку или повеќе ќе го цени, тоа го правиме од љубов кон овие деца – изјави српскиот претседател.

Во изјавата по средбата во премиерската палата во Атина, Вучиќ се задржа на потпишаната декларација што се однесува на шест области, меѓу кои и политиката, одбраната, економијата, културата, науката и образованието и заштитата на животната средина.

Српскиот претседател изрази поддршка за Грција и во однос на грчкото барање за враќање на склуптурите од Партенонот.

Грчкиот премиер и српскиот претседател имаат тет-а-тет средба по што следуваше и седницата на третиот Висок совет за соработка меѓу Грција и Србија на кој присуствуваа министри од владите на двете земји.

Освен Декларацијата за стратешко партнерство потпишана од грчиот премиер и српскиот претседател, министерот за надворешни работи на Грција и министерот за образование на Србија, потпишаа Програма за соработка во образованието, науката и технолошкиот развој за перидот 2020-2022 година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This