СТАВРЕВСКИ ОСТАНУВА НАЧАЛНИК НА СВР СКОПЈЕ: ДИК нема надлежност да постапува по именувањата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Државната изборна комисија едногласно одлучи да не даде мислење – дали Ристо Ставревски треба да остане началник на СВР-Скопје или не, мислење кое пред еден ден го побара техничкиот министер Наќе Чулев.

Иако ова беше побарано од самиот министер кој го назначи Ставревски за началник, како што вели претседателот на ДИК, Оливер Дерковски, комисијата има законско право да се произнесе за акти кои се однесуваат на правни, финансиски или кадровски прашања поврзани со организација на изборите, а нема обврска да дава мислења за именувањата на Чулев и за тоа дали тие назначувања добиле одобрување од дополнителната министерка во МВР, Славјанка Петровска.

Назначувањето на Ставревски предизвика бројни реакции во јавноста, но и од СДСМ, бидејќи како што велат, има индиции за пропусти во неговото работно искуство. Од ВМРО-ДПМНЕ настојуваат дека станува збор за професионалец.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This