Стојанче за вчерашниот пpoтeст за „Moнcтpyм“: Paзмисливте ли како им бeшe вчера на семејствата на yбиeнитe дeцa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Скандирањето “УЧК“, “Етничка Албанија”, мавтањето со мапи на “Голема Албанија“ и каменувањето на полицајците кои само си ја вршеа својата работа, за време на вчерашниот протест за Монструм, не одат во прилог на процесот на помирување за кој толку многу зборуваме и се залагаме…

Затоа треба да бидат цел на силна општествена осуда од сите општествени фактори.

Иако правото на протест е неприкосновено, сепак иритира фактот дека вчера се протестираше против судски пресуди со кои за виновни се прогласени убијци и помагачи на убијци на 5 лица од кои 4 деца…

Сето тоа без трошка сочувство кон семејствата на убиените деца.

Затоа апелирам! Не треба така, не е добро така. Штетно е за кревкиот процес на меѓуетничко помирување бидејки помирувањето е двонасочен процес во кој активно и внимателно треба да бидат вклучени двете страни, пишува на Твитер, Стојане Ангелов.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This