Таравари: Во СДСМ има сериозни проблеми, затоа ова мнозинство нема да трае многу

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Генералниот секретар на Алијанса за Албанците и актуелен градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека бродот на СДСМ тоне.

Тој вели дека истиот ќе потоне со новиот лидер.

Во СДСМ има сериозни проблеми, внатре во партијата. Незадоволството таму е големо. Заев вети многу, ништо не реализираше. Затоа и бега. СДСМ во моментот тоне, а ќе потоне со новиот лидер. Новиот лидер нема да може да ја одржи стабилноста на Владата. Новиот лидер нема да може ги координира коалициските партнери, кои имаат договор со Заев, а не со новиот лидер. Затоа сметам дека ова мнозинство нема да трае многу, и 2022 година ќе има повторно избори, вели Таравари.

Таравари вели дека со ВМРО-ДПМНЕ имале добра соработка на локалните избори.

Можеби и соработката со нив придонесе да ги добиеме трите општини, додава Таравари во „Click Plus“ на ТВ21.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This