Косовскиот премиер Рамуш Харадинај објави дека српската полиција на преминот Јариње ги уапсила членовите на Косовските безбедносни сили Ален и Анел Ујкановиќ.
Харадинај напиша на Фејсбук дека апсењето на Ујкановиќ е неприфатливо и побара итно ослободување.
Во пресрет на нехумани притисоци и прогон против припадниците на КБС на немнозинските заедници, денеска на преминот на државната граница во Јариње, Ален и Анел Ујкановиќ беа притворени од српските власти. Нивното апсење е целосно неприфатлива и бараме нивно итно ослободување. Случаите како овој, луѓето од Косово се сеќаваат на времето и режимот на Милошевиќ, кој сѐ уште се чини дека живее во нашиот северен сосед.
RH