- Advertisement -
Вчера во 13.30 часот вработен од обезбедувањето во Градскиот трговски центар пријавил дека од страна на две непознати лица дошло до нарушување на јавниот ред и мир со тепачка.
Од страна на полициски службеници излезено било на местото на настанот при што било констатирано дека истиот ден околу 13.15 часот на улицата “Кеј 13-ти Ноември”, Ф.Д. (39) и Ј.М. (32) двајцата од Скопје го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна тепачка.
Поднесени се два записника за констатиран прекршок.