ТЕШКО СЕ ЗАМИСЛУВА СВЕТ БЕЗ КОКА КОЛА: Зошто маршал Жуков бил единствениот советски државјанин кој можел да пие Кока-кола?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во текот на Втората светска војна Кока-кола го освоила светот, но овој газиран пијалак со вкус на капитализам бил држен настрана од Советскиот Сојуз. Исклучок бил еден човек кој, при тоа, бил и најголемиот советски воен херој…

Тешко е да се замисли светот без Кока-кола. Без разлика дали ја сакате или не, таа е секогаш тука, неизбежно слатко искушение за оние што ја пијат и е нешто што постојано мораат да го одбиваат за оние што ја избегнуваат. Таа е заштитен знак на потрошувачкото општество и тоа со поддршка на Дедо Мраз. Не е никакво чудо што Советскиот Сојуз се обидувал да спречи најпознатиот безалкохолен пијалак на светот да се прелие преку железната завеса.

Но, секое правило има свој исклучок. Кога генералот на Црвената армија Георгиј Жуков кон крајот на Втората светска војна изразил желба за карамелизираниот газиран пијалак, неговата желба не само што била исполнета, ами американската компанија направила многу повеќе од тоа и за одликуваниот воен херој произвела специјална серија од овој пијалак.

Пијалак на раздорот
„Кока-кола, пијалак што го возвраќа ударот“ – можеме да прочитаме на рекламата за Кока-кола од 1943 година. Еден друг слоган гласи „Земи Кока-кола, војнику, освежи се“. Идејата за тоа дека Кока-кола е симбол на Америка и на американското планетарно искуство не е само едноставна вообразба. Тоа е всушност имиџ кој самиот бренд агресивно го промовираше во текот на целата своја историја. Сликата од војник кој пие студено шише Кока-кола („вкусот на дома“) го преплавија целиот свет.

Советскиот Сојуз не бил целосно имун на западното брендирање: компанијата „Форд“ одиграла значајна улога во советскиот проект за индустријализација од триесеттите години од минатиот век, додека „Пепси“ станал првиот масовен американски бренд во СССР во седумдесеттите години од 20 век. Кока-кола, сепак, била нешто друго. Том Стендиџ, автор на книгата „Историја на светот во шест чаши“, тврди дека Кока-кола долго го избегнувала советскиот џин од маркетиншки причини, плашејќи се дека нејзиниот профит ќе ја полни државната каса.

Јазот помеѓу комунизмот и капитализмот што го исполни Кока-кола беше јасно видлив. Првиот човек што го мина не беше капиталист, ами маршалот Жуков, човекот кој ги избрка нацистите од Сталинград и ги бркаше дури до Берлин.

Но, едноставно беше невозможно некој да го види како пие американски пијалак.

Белата кола на Жуков
Се зборува дека Жуков првпат пробал Кока-кола кога му понудил генералот Двајт Ајзенхауер и дека веднаш подлегнал на нејзиниот волшебен вкус. Фатен помеѓу чеканот и наковалната, новиот „зависник од Кока-кола“ Жуков сега морал да се снаоѓа, балансирајќи помеѓу своите слатки страсти и преданоста на идеологијата.

Какво решение нашол? „Бела Кока-кола.“

Како што наведува Марк Пендерграст во книгата „За Бога, татковината и Кока-кола“, за проблемот на Жуков дознал генералот Марк В. Кларк, американски командант во Австрија во 1946 година. Кока-кола добила посебна молба да направи безбоен газиран пијалак. Неговото единствено барање било пијалакот да се „налева во она смешно шише“ и да биде со „друга боја“.

Маршал Георгиј Жуков и генералот Двајт Ајзенхауер во Москва

Финалниот производ кој бил направен во Брисел, не содржел карамела и бил спакуван во шишиња со рамни агли. Со која цела? За белата Кока-кола да личи на вотка и да биде поприфатлив пијалак во советската јавност од наводната капиталистичка „отпадна вода“. На грлото дури имало и црвена ѕвезда, прифатлив облик за соработка во рамките на брендирањето на комунистичката Кока-кола.

За својот труд „Кока-кола“ има добиено премин во деловите на Виена под советска контрола без бирократски перипетии. Проектот на бела Кока-кола бил запрен откако во 1946 година биле произведени 50 гајби за Жуков. Иако тоа било повеќе од дискретна услуга помеѓу двата генерали, овој случај е карактеристичен за времето пред студената војна, кога високи советски и американски официјални лица вложувале голем труд за да го поддржат сојузништвото меѓу двете земји.

Иако не доживеал да ја види судбината на својата идеја, Жуков на извесен начин бил визионер. Во 1992 година „Кока-кола“ ја произведе својата „Таб клир“ кристална кола, која на пазарот опстана до 1994 година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This