March 29, 2024, 10:10 am

ТИТО ПЕТКОВСКИ ГО СНЕМА ПО ATEHTATOT НА КИРО ГЛИГОРОВ: Каде се изгубил Тито Петковски по aтeнтaтoт на Киро Глигоров?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Oдамна не сме се виделе со Тито Петковски. Кога јас бев претседател на Собранието, тој беше потпретседател на Собранието. Тогаш соработувавме, вели во интервју за Пресинг Тв, Стојан Андов, поранешен претседател на Собранието на Република Македонија.

Притоа, Андов изразува и доза на разочарување.

Меѓутоа, ме изненади и за тоа ќе се распрашам, ќе видам и од него ако можам да ми каже зошто него, по атентатот (на претседателот Киро Глигоорв н.з.), извесно време, кога беа најбурните настани и расправи го снема едноставно. Јас не можев да го добијам. Го барав Тито, но него го немаше. Морав да го барам по болниците, каде бил, зошто го нема, нагласува Андов.

Интервјуто со поранешниот претседател на Собранието на РМ следува по објавувањето на неговата последна книга „До атентатот и по него”, чија промоција предизвика бура од реакции во јавноста. Во него Андов говори за атентатот врз претседателот Глигоров, за фактот дека за него не била спроведена никаква истрага, за исказите во обвинителството дадени многу подоцна, за обвинувањата на негова адреса…

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This