ТРОДНЕВНА ОПСАДА НА БУГАРСКОТО СОБРАНИЕ: Бугарските граѓани го „окупираа“ бугарското Национално собрание!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тридневен протест под мотото „Окупација со барање за оставка на владата“ започна претпладнево (11 часот по локално време) пред бугарското Националното собрание.

Протестот ќе продолжи и во наредните два дена со барање за итно свикување на парламентот. Граѓаните се незадоволни од зголемувањето на даноците, најавеното зголемување на осигурувањето, високите цени на горивата и ниските примања.

„Окупацијата“ се организира во социјалните мрежи од луѓе кои пред два месеца заедно со Бугари од странство, протестираа барајќи промена во Уставот и избори за Велико народно собрание, информираат медиумите.

Во меѓувреме, продолжуваат протестите кои траат веќе подолго против високите цени на горивото и оние на мајките на децата со попреченост.

Стотици демонстранти излегоа на улиците на земјата вчера вечерта.

Полицијата предупреди да се внимавашто се објавува на социјалните мрежи, бидејќи демонстрантите би можеле да бидат казнети или да бидат уапсени, пишува .

Премиерот Бојко Борисов вчера повтори дека нема да поднесе оставка затоа што нема причина за тоа.

„Сега нема потреба од предвремени избори, се надевам дека протестите ќе престанат по падот на цените на горивата“, рече тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This