ТРОЈЦА СВЕДОЧЕА ЗА УБИСТВОТО НА ПИНО: „Сведоците немаат никаква врска со случајот“, изјави Миланов

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За убиството на Пино Секондо, сведочеа тројца сведоци, роднина на обвинетиот Фуркан Али, Расим Али, пријателката на обвинетата Ангела Ѓеоргиевска, Фросина Петковска и пријателот на покојниот Секондо, Дејан Митески. Фросина Петковска рече дека двајцата обвинети Ѓорѓиевска и Али биле во љубовна врска година и пол и дека Али бил многу љубоморен. Во меѓувреме Ѓеорѓиевска истовремено комуницирала и со починатиот Секондо.

 

 

„Ми зборуваше за Пино додека сè уште не одеше сериозно со Фуркан. Мислам дека кога зборуваше со Пино, немала сериозна врска со Фуркан, но потоа кога почнало да стане сериозно со Фуркан, не зборуваше веќе со тоа.“, рече Фросина Петковска.

Дејан Митески, пријател на починатиот Пино Секондо, рече дека Секондо со девојките бил многу мек, а според него Ѓеорѓиевска и Секондо биле само пријатели.

„Пино беше многу мек, воопшто не беше агресивен и беше многу добар кон жените. Секогаш им излегуваше во пресрет на женските и што и да побараат од него ќе им удоволеше.“, изјави Дејан Митевски.

Адвокатот на одбраната, Еленко Миланов рече дека сведоците не дале детали во врска со убиството. Миланов го праша сведокот Митески дали покојниот Пино Секондо дал заем или должел некому. Тој исто така го праша и за една порака која му ја испратил нему еден заеднички пријател со Пино, каде се вели дека Пино е заложник, го истепале и дека наскоро ќе го ослободат.

За убиството на Секондо се обвинети Фуркан Али, кој е во бегство и за него има меѓународна потерница и Ангела Ѓеорѓиевска како учесник во делото. Пинета – Пино Секондо исчезна на 11 декември 2018 година. Остатоците од телото на Секондо беа случајно пронајдени кон крајот на април минатата година во село Љуботен. Секондо имал италијанско и македонско државјанство. 

Извор: ТВ21

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This