УAПCEHИOT ВО СРБИЈА, ДРУГАР НА ЗАЕВ И АХМЕТИ: Шефшет Демировски, сопственик на „АТС Груп“ е шпиoнoт кој го yaпcи БИА?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шефшет Демировски најверојатно е уапсениот Македонски државјанин кој од фабриката за оружје „Први Партизан“ од Ужице крадел трговски тајни и документи за производство на муниција со калибар 12.7 мм

 

Во акција на Безбедносно-информативната Агенција (БИА) на Србија, денес се уапсени тројца шпиони кои краделе, а потоа препродавале документи и проекти на фабриката за оружје „Први Партизан“ од Ужице.

Помеѓу останатите, споменат е и Македонски државјанин со инцијали Ш.Д. сопственик на компанијата „Арс Група“. Од краткиот увид во трговскиот регистар во Македонија, не постои таква компанија која се занимава со индустрија слична на онаа од интерес тројцата уапсени, но постои компанија „АТС Груп“ чиј сопственик е Шефшет Демировски, што пак одговара на иницијалите објавени во српските медиуми.

„АТС Груп“ во јули оваа година инвестираа три милиони евра во фабрика во Македонија, во индустриската зона Визбегово, каде се произведуваат производи од композитни материјали за безбедносните служби.

Шефшет Демировски и неговата компанија во Македонија беа промовирани со голема помпа, а на отварањето на фабриката гостин, помеѓу останатите беше и Зоран Заев и Радмила Шекеринска.

Покрај овие, на отварањето на фабриката беше и шефот на ДУИ Али Ахмети и министерот за економија од редовите на интегративците Крешник Бектеши.

Како што пренесува „Новости“, Шефшет Демировски наведената документација, наводно, имал намера да ја искористи за изработка на машини за поризводство на муниција калибар 12.7мм во погоните на некогашната фабрика за оружје и муниција „Сувенир“ во Македонски Брод, како и во фабрика во Катар, каде има свој сопственички уддел.

Осомничените се состанале во хотелот „Хилтон“ каде биле и уапсени.

А.Митовски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This