March 28, 2024, 10:37 pm

Фантазијата преминува во пропаст: Victoria’s Secret губи на популарност

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најпознатиот бренд за долна облека се соочува со проблеми.
Статистиките покажуваат дека годинашната ревија на Victoria’s Secret имала најмала гледаност во историјата на модното шоу.

Годинава имало само 3,3 милиони гледачи, додека лани ревијата ја гледале 5 милиони, што е пак помалку од 9 милиони колку што изнесуваше бројката во 2014 година.

Кои се причините за падот на популарноста?

Некои сметаат дека ова се должи на раскинувањето на договорот со CBS и преминувањето кај ABC, додека други сметаат дека ревијата станува непопуларна бидејќи не е доволно инклузивна.

Директорот на маркетинг на Victoria’s Secret Ед Разек мораше да упати извинување поради безобзирните коментари кон ЛГБТ заедницата и plus size манекенките.

Тој изјави дека тие не се вклопуваат во „фантазијата“ по која е познат брендот, што наиде на многу критики од plus size манекенките, а пејачката Халси го откажа настапот на годинашното шоу.

Ова не е единствениот проблем со кој се соочува брендот.

И продажбата на Victoria’s Secret е значително опадната, па ни екстремно намалените цени не помогнаа да се продадат залихите во двонеделните попусти.

Аналитичарот Рендал Коник изјави дека на брендот Victoria’s Secret му се ближи пропаст ако продолжи со ваквите политики.
Извор:кајгана.ком

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This