Фирми пpopоци кои пpoфитираат од енергетска kaтастрофа: ЕСМ набавила увозна струја по peкордна цена од 325 евра по мегават час

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Додека Македонија очајнички бара јаглен и мазут за да ја скрпи зимата, оваа недела се набавила увозна струја по рекордни цени од по 325 евра по мегават час, податок којшто ЕСМ го сокри од јавноста. ИРЛ открива како и институциите и партиите знаеле што ја чека државата во пресрет на светската енергетската криза, но наместо да се грижат за потенцијалните социјални немири и загрозениот животен стандард, тие премолчеле и излажале затоа што локалните избори биле приоритет. Ако институциите биле незналици, одредени фирми биле пророци, па во летото кога почнува кризата се регистрираат нови компании кои веќе дебело печалат од македонската енергетска пропаст, пренесува ИРЛ.

Институциите знаеле за кризата која што следува уште во април, надлежниот директор од МЕПСО побарал итни интервенции и кризен план уште во јули, но никој не го слушал. Кризата се сокрила за јавноста да не биде вознемирувана пред престојните избори.

Освен Владата, сите парламентарни политички партии биле свесни дека не очекува енергетска криза, но тоа никој не го дискутирал во релевантните партиски енергетски, економски и социјални совети затоа што „имало избори“

Додека Македонија очајнички бара јаглен и мазут за да ја скрпи зимата, оваа недела се набавува увозна струја по рекордни цени од по 325 евра по мегават час.

ЕСМ престана да ги објавува дневните извештаи за купената електрична енергија која константно недостасуваше во системот изминатиот месец, иако тоа е нивна законска обврска.

Причина за ова се постојаните испади и дефекти во РЕК Битола, темелот на македонскиот енергетски систем кој учествува со околу 70 проценти од вкупното домашно производство на струја.

ИРЛ открива дека причините се многу подлабоки и вклучуваат корупција и промашени инвестиции кои чинеле стотици милиони евра, а Македонија и покрај тоа останала без струја.

Ако се оствареле сите партиски ветувања дадени на изборите само во минатите две децении, Македонија ќе изградела модерни капацитети за производство на електрична енергија од обновливи извори да ја снабдува цела Југоистична Европа.

Иако разговарале, увиделе и заклучиле дека сме на праг на „енергетска криза“, избраните функционери решиле ова да го премолчат. Но, еден физички напад во кафеана во Дебар Маало откри дека кризата со струја не само што е сериозна, туку не води до неодговорни партиски спонзорирани фирми кои што краделе струја од европската мрежа.

Подебелиот крај го извлече првиот човек на Регулаторната комисија. Марко Бислимовски физички беше нападнат од синот на Муса Џефри, поранешен високо позициониран функционер во ДУИ. Причина за нападот, беше одлуката Регулаторна да започне постапка за одземање на лиценцата за препродавање струја на фирмата „У Повер“ која ја раководат синовите на Џафери. Поради откажани договори со добавувачи, за да ги задоволи потребите на клиентите „У Повер“ влечеше струја од европската енергетска мрежа – струја која може да се користи во екстремни ситуации како на пример хаварија во домашниот енергетски систем. Дисбалансот и повлекувањето беше забележано и пропратено со опомени. Ваквиот потег предизвика МЕПСО да генерира долг од 15 милиони евра и да апелира за помош од 30 милиони евра.

Извор: ИРЛ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This