(Фото) Bakcaјнc мaлo cyтра: Pycката амбacада го подбpa Ocмaни на Твитер

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американскиот претседател Бајден и рускиот претседател Путин нагласуваат дека не сакаат ескалација на конфликтите. Но, на повидок нема деескалација. По американските санкции следуваат остри мерки од Москва.

Како реакција на протерувањето на десет руски дипломати од САД, Русија воведе забрана за влез на високи американски претставници. Меѓу нив се и министерот за правда на САД, Мерик Гарланд и министерот за внатрешни работи Алехандро Мајоркас.

Влез во Русија им е забранет на вкупно осум актуелни и поранешни претставници на американската адмниистрација, како шефот на ФБИ, Кристофер Реј, координаторката на американските тајни служби Аврил Хејнс и поранешниот советник за безбедност на Трамп, Џон Болтон.

Во конфликтот помеѓу џиновите денеска официјално се вклучи и малата Македонија која според она што го пишува министерот за надворешни работи, Бујар Османи се приклучува на санкциите кон Русија. Османи на Твитер напиша дека Македонија ќе се солидаризира со санкциите на САД.

-С. Македонија во целост ги поддржува и се солидализира со санкциите на САД, како одговор на Руските дестаблизирачки акции протива САД и нејзините сојузници. Подобрување на заедничката безбедност е наша цел, пишува Османи.

Османи набрзо доби одговор на неговиот Твит од руската амбасада која со сериозен дипломатски тон напомена дека декларативните изјави за продлабочување на соработката помеѓу двете земји не кореспондираат со македонските политиките, напоменувајќи дека двете држави имаат заеднички закани и предизвици, веројатно посочувајќи ја пандемијата на коронавирус.

-Ќе ја имаме во предвид македонската солидарност која се базира на недокажани наводи за руски активности. Веруваме дека приоритетите треба да рефлектираат и да кореспондираат со заедничките закани и предизвици. Вакви изјави нималку не помагаат во јавните заложби на Македонија да ги подобри односите од заеднички интерес со Русија, одговорија од амбасадата.

Неодамна министерот за здравство Венко Филипче изрази благодарност до рускиот амбасадорот во Македонија за неговиот личен ангажман за што е можно поскоро да стигнат 200-те илјади дози од руската вакцини Спутник V. Од рускиот производител, Македонија обезбеди 200.000 вакцини, а досега во Македонија беа испорачани 3.000 дози за исто толку граѓани, а за ревакцинација ќе стигне нова пратка.

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека американската фармацевтската компанија „Фајзер“ постојано испорачува дополнителни услови, па договорот никако да се потпише. Последниот услов којшто го испорачала компанијата пристигнал пред неколку дена и се однесува на одговорноста при евентуални несакани ефекти од вакцината. Сепак, надлежните се надеваат дека договорот ќе биде финализиран во најскоро време.

„На 30 декември имавме комуникација, кога ни потврдија дека ги исполнуваме условите за да потпишеме договор и оттогаш траат тие разговори. Имаат специфични барања за усогласување на условите за да се внесе вакцината тука, сега имаат и дополнителни барања. Ние го потпишавме договор и го вративме. Сега има некое дополнително барање од пред три дена, за одговорноста при евентуални несакани ефекти, има некои специфични барања и чекаме повратна информација“, вели Филипче.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This