(Фото) Coлзите caми ќе ви дojдат: Лeкapите се поклониja пpeд тeлото нa донopoт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Минатата ноќ успешно беше изведена трансплантација на срце од починат донор и оваа е втор зафат за пресадување на срце во нашата земјава. Пациентот кој го прими срцето е на возраст од 22 години и има сериозно заболување кое го оштетува срцето.

Во лекарски тим учествуваа доктори од клиниките за КАРИЛ, Урологија, Кардиохирургија, Ортопедија, Нефрологија, Радиологија, Кардиологија, Рентген институот, Клиниката Жан Митрев и Аџибадем Систина.

Тие се поклонија пред телото на 20 годишната Верче Белчовска, чие семејство се согласи дел од нејзините органи да бидат донирани за спас на други тешко болни пациенти.

Министерствотои за здравство соопшти дека два бубрега од пациентката денес ќе бидат трансплантирани кај пациенти кои со години се на дијаиза.

Во понеделник наутро коската со метастази на пациент кој се лекува на Клиниката за ортопедија ќе биде заменета со здрава коска од починатата девојка. Уште десетина пациенти кои боледуваат од карцином кој им ги оштетил коските и пациенти со тешки фрактури кај кои нема можност да се стават протези ќе добијат заменски коски од починатиот донор.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This