(Фото) HOB ИHЦИДEHT:3aпаленo македонско и српско знаме во Бугарија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дали како резултат на некаква пропагандна операција на соодветните служби или како обичен реваншизам на обични граѓани или политички субјекти една недела откако гореше бугарското знаме на непозната локација, запалени се и македонско и српско знаме по што се објавени на социјалните мрежи.

Според видеото непознати лица кои вопшто не се во кадарот ги палат и снимаат знамињата на Македонија и Србија кои се поставени едно до друго.

Палењето не го вршат луѓе директно туку преку долга алатка на која има запалено оган.

На видеото кое expres.mk нема да го објави за да се превенира понатамошен говор на омраза, на бугарски јазик пишува “Македонија е бугарска” и “Смрт за Србија”.

Видеото е поставено на канал кој не асоцира на ништо конкретно но затоа тој што го поставил се потрудил обвинет за ширење на говор на омраза да биде партијата ВМРО-БУГАРСКО НАЦИОНАЛНО ДВИЖЕЊЕ на бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов.

На видеото се гледа мапа на Голема Бугарија од Сан Стефано со Македонија во границите на Бугарија и логото на партијата на Каракачанов ВМРО-БНД.

Како и видеото со палењето на бугарското знаме и во овој случај има многу нелогичности и дилеми за вистинските сторители и мотиви за инцидентот.

Како министер за одбрана на земја на НАТО и ЕУ Каракачанов со помош на бугарските служби за интернет дигитален криминал може лесно да ги најде сторителите на овој чин и провокација.

Македонските власти се уште не можат да ги најдат тие што го запалија бугарското знаме пред една недела иако Заев веќе објави за кого се работи.

Извор: Експрес

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This