(Фото) Maлкy фaли за тpaгeдиja: Пpoвaлиja нaмecтo лифт во кaтнaтa гapaжa „Смилевски конгрес“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Малку недостига да дојде до вистинска трагедија во катната гаража „Смилевски конгрес“ во Центар, каде расипан лифт стои отворен без никаков знак за предупредување или препрека, ниту пак чувар да ги предупреди луѓето да не се доближуваат.

Лифтот е отворен на погорните спратови и е потенцијална опасност, бидејќи станува збор за дупка од неколку метри.

Гаражата, која се наоѓа кај Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, ја користат доста околни фирми, но и граѓани кои паркирале тука за да завршат работа во центар, па постои опасност возрасен или дете да пропаднат.

Гаражата е под надлежност на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This