March 29, 2024, 12:23 pm

(Фото+Видео) Британија пред koлапc: Mилиони во изолациja, а речиси никој не е бoлeн, нема кој да работи – маркетите празни

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Празните полици во британските супермаркети поради масовната самоизолација на работниците предизвикаа загриженост низ целата земја, а сопствениците на продавници ги повикуваат министрите да преземат итни мерки.

Имено, во Англија се одржа „Денот на слободата“, односно укинување на скоро сите ограничувања поврзани со пандемијата на коронавирусите, но истовремено расте и бројот на новозаболени и се создава хаос поради апликацијата за самоизолација.

Институтот за јавно здравје ги информира луѓето дека треба да одат во самоизолација со кратка порака – пинг – преку апликација за паметен телефон. Во понеделникот имаше пинг-пинг низ целата земја, така што компаниите се соочуваат со недостиг на работна сила, а тука спаѓаат и супермаркетите чии полици беа брзо испразнети поради пaнгдемијата.

Сопственикот на трговскиот ланец Исланд предупреди дека им се заканува колапс поради недостиг на намирници затоа што скоро 1.000 нивни вработени, речиси секој четврти од нив, останаал дома во самоизолација.

Дејли Меил цитира бројка од 1,7 милиони Британци кои во моментов се во самоизолација, а всушност, малкумина се навистина болни.

Sainybury’s, Tesco, Lidl и други ланци пријавуваат празни полици поради недостиг на персонал. Главно недостасува замрзната храна, свежо месо, млечни производи како сирење, пица, овошје и спакувани салати и месо. Додека граѓаните се борат со топлотниот бран, во складиштата на Теско веќе нема вода во шишиња.

Дополнителен проблем се возачите во самоизолација бидејќи нема кој да доставува намирници, а многу возачи се вратија во Европската унија по Брегзит.

Здружението за патен сообраќај проценува дека 100.000 возачи на камиони се водат за исчезнати во Велика Британија, а илјадници идни возачи доцнат на тестирање поради проблем предизвикан од пандемијата на коронавирусите.

Сопственикот на Исланд, Ричард Вокер истакнува дека биле принудени да ангажираат 2.000 привремени работници за да може неговата продавница да работи без проблеми.

– Требаше да затвориме две продавници и да го скратиме работното време во други. Иронијата е што сите продавници ги имавме отворено цело време на пандемијата, а нашите вработени не се помалку херои од другите на линијата на одбраната од вирусот. Апсолутно нема потреба од панично купување. Оние кои треба да паничат седат во британската влада, рече Вокер.

Во меѓувреме, владата составува список на вработени кои би биле исклучени од апликацијата, 48 часа откако Даунинг стрит објави дека нема да има исклучоци.

Ричард Вокер повика на итно решавање на проблемот од министерот Борис Џонсон.

– Принудени сме да ја ограничуваме нашата услуга, но не поради вирусот, туку поради системот што го создадовме поради вирусот. Потребен ни е список на неопходни вработени од Владата што ќе вклучува вработени во малопродажба и возачи, невидените херои кои ја движат нашата економија, вели Вокер.

Телеграф пишува дека на бензинската станица снемува горивото поради апликација која се заканува да запре делови од економијата. Даунинг стрит известува дека младите кои добиле пинг ден пред венчавката треба да ја откажат прославата.

Борис Џонсон, кој исто така се наоѓа во самоизолација, ги повика граѓаните од да ги следат правилата до 16 август кога Велика Британија ќе се префрли на систем различен од тој системот за самоизолација на контакт.

– Мора да запомниме дека изолацијата е витална алатка во борбата против болестите, рече тој.

Видеото можете да го погледнете тука.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This