Јапонскиот уметник Кохеи Охмори прави вистински хипер-реалистични ремек дела само со молив, цртајќи предмети кои делуваат како да се реални и имате чувство дека можете да ги земете во рака.
25-годишниот уметник поминува стотина часови на еден проект, а резултатите се хипер-реални цртежи кои повеќе делуваат како да се фотографии.
Охмори прв пат стана светски познат во 2017 година кога нацрта лименка од пиво која многумина остави без здив. Луѓето не можеа да пронајдат доволно пофални зборови за неговиот талент и трпение.
https://www.instagram.com/p/B3mNIJVJU5w/?utm_source=ig_web_copy_link
Неговата неверојатно детален цртеж од штраф исто така ги воодушеви луѓето. Неговиот брат вели дека потрошил 280 часа само на тој цртеж.
Охмори неодамна го откри и своено најново ремек-дело, Импресивен цртеж од рачен часовник Сеико кој како што може да се забележи на видеото е совршен до најситни детали.
https://www.instagram.com/p/B5NFIWKpDzZ/?utm_source=ig_web_copy_link
Иако се чини дека 25 годишниот Кохеи во својата уметност главно е фокусиран на метални предмети, тој е мајстор и за портрети, што докажува еден портрет на една британска манекенка.