(Фото+Видео) ПЕНТАГОН ПОТВРДИ: Во Авганистан се урна воен авион бомбардиер Е-11А, се води истрага за причините

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Авион на американските оружени сили се урна денес во централен Авганистан во засега непознати околности во област контролирана од талибанците кои тврдат дека е „урнат тактички“, а Пентагон соопшти дека „нема никакви индиции“ за непријателско дејство.

 

 

 

Специјалното летало на американските окупатори се урна во покраината Газни“, соопшти талибанскиот портпарол Забиула Муџахид, додавајќи дека сите членови на екипажот загинале. На прашањето на агенцијата Франс прес тој кажа дека леталото било „урнато тактички“, не соопштувајќи детали

 

Пентагон неколку часа подоцна потврди дека станува збор за американски воен авион. „Американски бомбардиер Е-11А се урна денес во покраината Газни, во Авганистан“, објави на Твитер портпаролот на америиканските трупи во Авганистан, полковникот Сони Легет. Бомбардиер Е-11А се користи како поддршка на разузмавачките беспилотни летала и опремен е со многу вредна комуникациска опрема.

 

Се води истрага за причините за падот, но нема индиции дека е урнат со непријателско дејствување“, кажа тој.

Без оглед дали станува збор за технички дефект или непријателско дејствување, настанот се случува во време кога талибанците и САД преговараат за условите за договорот за повлекување на американските трупи од Авганистан во замена за ветување на талибанците дека нема да ги напаѓаат.

 

Преговорите почнаа пред повеќе од една година, но американската страна на двапати ги прекинуваше, првиот пат по напад во кој беше убиен американски војник, а вториот пат по талибански напад врз база под контрола на американската војска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This