ФРАНЦУСКИ ЕВРОПРАТЕНИК: Со ревидирана методологија преговорите со ЕУ може да бидат отворени многу брзо

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Француски европратеник од партијата на францускиот претседател Макрон, Стефан Сежурне, порача дека доколку се ревидира методологијата на проширување и доколку Унијата напредува во сопствената реорганизација преговорите на Македонија со Унијата можат да бидат отворени многу брзо. Сежурне додава дека францускиот претседател Емануел Макрон одлучил Самитот во Загреб во мај да го претвори во успех.

Во интервјуто за МИА, Сежурне вели дека е свесен оти Македонија постигнала напредок за да оди понатаму во следната фаза од евроинтеграцијата односно отворање на преговорите со Унијата, но исто така оти е свесен и дека по негативната одлука, перцепцијата за Франција е дегрдирана кај земјите-кандидати и членки на Унијата.

Г-динe Стефан Сежурне, вие сте француски европратеник од Република Напред, шеф на француската делегација во групата на Обновена Европа, поранешен политички советник на претседателот Емануел Макрон. Сметате ли дека францускиот став за проширувањето е погрешно толкуван од земјите-кандидати и земјите членки на ЕУ?
– До одреден степен да. Треба да се потсетиме дека Франција и француските пратеници во Европскиот парламент никогаш немаа намера да го променат или нарушат политичкиот проект за проширување на Европската Унија. Свесни сме дека Македонија постигна напредок за да оди нанапред во преговорите за пристапување во Унијата. Особено тука мислам на досегашните реформи во правосудниот систем, за мерките во корист на поголема транспарентност или промената на нејзиното име. Овие напори сведочат и за привлечноста на Европската унија и ние можеме да бидеме горди на тоа. Сепак, ветото на претседателот Емануел Макрон за почетокот на пристапните преговорите не смее да го внесе чувство на огорченост меѓу Македонците. Ова во никој случај не е гест против земјата. Франција смета дека проширувањето на Унијата не смее да се направи на сопствена штета, која би довела до институционална блокада. Дополнувањето на Советот на унијата со две места во сегашната состојба само ќе ги искомплицира работите. Повеќе од кога било, потребна ни е одговорна и ефикасна Европа.
Вие сте свесни дека откако го блокиравте почнувањето на преговорите за пристапување на Македонија и АЛбанија во Европската унија во октомври 2019 година, сликата и перцепцијата за Франција во овие земји е деградирана?
– Ова е точно и жалам за тоа, но ние не сме сами. Данска и Холандија исто така изразија воздржаност да дадат зелено светло во Европскиот совет во октомври 2019 година. Тоа е заедничка позиција што е во интерес на засегнатите народи. Мора да се реформирате пред да сакате да се отворите кон другите. Ова е во интерес и во насока на одржливост на Унијата. Мора да се разбере дека е доведен во прашање кредибилитетот на европската порака.

Европската комисија се покажа претпазлива. „Нема потреба да се менуваат правилата за Албанија и Македонија“, рече Урсула фон дер Лејен во Загреб, истовремено потврдувајќи дека Комисијата се подготвува да дава предлози за промена на методологија?
– Сигурно дека начинот на кој европската извршна власт и пристапува на оваа тема отвора прашања. Постапката за преговори која е во сила денес е премногу тешка, премногу нетранспарентна, премногу сложена. Мора да се поедностави, мора да зборува со засегнатите народи. Така би можеле да го избегнеме непотребното разочарување во земјите што сакаат да ни се придружат. Оваа промена на методологијата може да се дискутира и во рамките на Конференцијата за иднината на Европа, чиј принцип штотуку го одобри мнозинството за време на последната пленарна сесија на ЕП во Стразбур (јануари 2020 година).
Европскиот совет што ќе се одржи во Брисел во март е многу важен во насока на можноста за официјално отворање на преговорите со Македонија и Албанија. Можеме ли да очекуваме отворање на преговорите пред самитот во Загреб?
– Ако ја ревидираме нашата методологија, ако напредуваме во сопствена реорганизација, сè е можно. Преговорите може да се отворат многу брзо. Претседателот на Републиката одлучи да го претвори (самитот во) Загреб во мај во успех. Ние не го блокираме проширувањето, само сакаме да бидеме сигурни дека Европската унија е подготвена.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This